Реклама
MAMAБебиња

Доењето го намалува обемот на половината кај родилките, велат научниците

Реклама

Доењето на бебето е едно од најважните делови на мајчинството, а неговите предности се многу големи за новороденчињата.

Меѓутоа освен што доењето е добро за бебето тоа е одлично и за мајките.Најновите истражувања покажаа дека доењето го намалува обемот на половината кај мајките.Во истражувањето „Резултати од бременоста и здравје во заедницата“ спроведено на универзитетот во Питсбург и државниот универзитет во Мичиген учествувале 700 жени. Истражувачите ги набљудувале мајките 7-15 години откако се породиле.

Резултатите кои се објавени во списанието „Journal of Women’s Health“ покажале дека мајките кои ги доеле своите деца повеќе од шест месеци имале потенка половина за четири сантиметри во споредба со половината на мајките кои престанале да ги дојат своите деца пред шестиот месец.

Маркетинг

Освен тоа мајките кои подолго ги доеле своите деца имале и помал обем на колковите.Истражувачите ги зеле предвид и годините, расата или етничката припадност, компликациите во текот на бременоста, социоекономскиот статус и факторите за здравиот начин на живот.

Научниците откриле дека мајките кои ги доеле своите деца имале помал индекс на телесна маса и помал систолен и дијастолен крвен притисок. Причината за тоа е што мајките кои дојат најчесто се личности кои заради нивното бебе се хранат здраво.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button