Додека вакцината е се поблизу, лекот е предалеку: Овие шест начини за лекување им помогнаа на многу пациенти да ја победат короната
Од почетокот на пандемијата се користат многу различни лекови и се применуваат различни терапии врз пациентите заболени од ковид-19.
Постигнати се одредени резултати во лекувањето на пациентите, кои пожеби почнуваат да придонесуваат за падот на бројот на починати во болниците, но и натаму сме далеку од лекот кој ќе го излечи ковид-19 целосно, пренесува Гардијан. Ова се шест начини кои засега најмногу ветуваат.
Дексаметазон
Тоа е многу евтин лек кој постои во залихи ширум светот кој се покажа како медикамент кој може да ги спаси животите на заболените од ковид-19. Ниска доза дексаметазон му помогнала на еден од осум пациенти кои се наоѓале на респриратори во текот на истражувањето на опоравувањето од ковид кое го спроведе Универзитетот Оксфорд.
Резултатите од истражувањето се објавени кон средината на јуни, а овој стероид сега се користи како стандардно лекување на пациентите кои се во најсериозна состојба.
Податоците се сигурни зошто се добиени во најголемото истражување за опоравувањето од ковид-19 во светот, бидејќи со него се опфатени речиси сите болници во Велика Британија. Дексаметазон е стероид кој се користи 60 години, патентиран е и евтин.
Крвна плазма од опоравени пациенти
Антителата на ковид 19 се наоѓаат во крвната плазма на пациентите кои се избориле со болеста која го погоди целиот свет. Претседателот на САД Доналд Трамп го одобри лекувањето на пациентите со крвна плазма во САД, со тврдење дека може да спречи 35 отсто од смртните случаи.
И покрај тоа што крвната плазма се користи во лекувањето на другите болести, повеќето експерти наведуваат дека нема доволно докази долбиени од истражувањата колку добро делува како и тоа на кои пациенти би можела да се примени како успешна терапија.
Ремсидевир
Лек кој се користи во итни случаи во САД, Индија и Сингапур, а одобрен е за користење кај луѓе со сериозни симптоми во Европската Унија, Јапонија и Австралија. Во прашање е лек кој е скап.
Ремсидевир го произведе американската компанија „Гилеад Сајансис“ за лекување на хепатитис Ц. Меѓутоа не бил ефикасен во лекувањето на таа болест. Користен е за лекување на ебола. Во лекувањето на ковид-19 се покажа дека го скратува просечниот престој во болница од 15 на 11 дена, но не е докажано дали делува на намалување на смртноста кај пациентите.
Тоцилизумаб
Во прашање е лекување на поголем број антиинфламаторни лекувања чија делотворност и натаму се тестира. Коронавирусот го напаѓа имуниот систем, што доведува до воспалување. Тоцилизумаб, антитело кое инаку се користи во лекување на ревматоиден артритис, им се дава на заболените од ковид-19 за да се блокира протеинот ИЛ-6 кој предизвикува воспалување.
Пациентите овој лек го добиваа во Италија во март и се чинеше дека покажува резултати и дека заболентие имале помала пожност да завршат на респиратор или да починат. Меѓутоа, во прашање била истражувачка студија, а не проба на случано одбрани пациенти, па не може да се оцени исходот од лекувањето на луѓето кои се лекувани со оваа терапија и оние кои не се. Универзитетот Оксфорд го истражува и овој тип на терапија.
Таблети за контрола на крвниот притисок
Научниците сметаат дека на луѓето кои користат лекови за крвен притисок би било добро да се советуваат и натаму да ги користат.
На Универзитетот Ист Ингланд е откриено дека ризикот од сериозна состојба или смрт од ковид-19 кај луѓето со висок крвен притисок е значително понизок доколку користеле инхибитори за ангиотензин конвертирајќи го ензимот или блокаторите од ангиотензинските рецептори.