Според астролозите ова се датумите и преиодите кога може да заработите многу пари.
Овен
Оваа година сте нетрпеливи и сакате што поскоро да добиете зголемување, а најпогодни датуми за тоа да го направите се 7 мај, 3 август и 18 август.
Бик
Што и да правите немојте да барате зголемување за време на ретроградната Венера (од 13 мај до 25 јуни). Сепак, доколку не сакате да ризикувате, можете да побарате на 3 август и 15 декември.
Близнаци
Преговарајте со шефот за зголемување на платата во рекот на преостанатите два ретроградни циклуси на Меркур – од 17 јуни до 12 август и од 14 октомври до 3 ноември.
Рак
Зборувајте за поголема плата во период од 9 – 21 март. Следен погоден момент е тек 18 август, а ретроградниот Марс ќе го направи есенскиот период многу комплициран. Единствен поволен датум тогаш е 21 ноември.
Лав
Совршени денови за да барате зголемување на плата е 22 април, 25 јуни и 12 октомври. Барајте ја саканата сума и известете го шефот дека не сте доволно платени за работата која ја правите.
Девица
Вашите идеални датуми се 21 март, 21 јуни и 29 декември. Немојте да барате за време на ретроградната Венера и ретроградниот Марс, а доколку сепак се одлучите за некој од овие два периоди, бидете подготвени дека зголемувањето нема да биде онакво какво што очекувате.
Вага
Вашите совршени вештини за привлекување заработа ќе ви бидат од корист. Најдобро би било тој разговор да го напавите на 7 јули, 20 јули, 7 и 11 август. Исто така, поволен период ќе ви биде и на есен, особено 15 и 21 ноември.
Скорпија
За Скорпиите најдобро време за барање зголемување е на 5 јули, 22 јули, 5 јуни и 30 ноември.
Стрелец
За да не се коцкате, разговарајте со шефот на еден од овие датуми: 21 јуни, 5 август, 2 септември и 29 декември.
Јарец
Поволен период за да го прашате својот претпоставен за зголемување на плата е 1 јули, 3 август, 18 август и 1 октомври.
Водолија
Првите пет месеци во 2020 нема да ви донесат многу пари. Затоа ќе имате повеќе причини да разговарате со својот шеф на 7 мај, 5 јули, 2 септември или 21 декември.
Риби
Особено внимание обрнете на следниве датуми: 24 март, 5 јуни, 5 јули и 21 декември.