Добрила од Дојран наполни 95 години и ја исполни својата најголема желба – еве и како го минува времето
Жена со неверојатна енергија
Добрила Ивановска Чабриќ (95) која важи за една од најстарите пејачки на Балканот и најстарата учесничка во „Никогаш не е доцна“ конечно си ја исполни својата најголема желба.
Имено, Добрила долго време чекаше да си купи нов автомобил, кој и е и повеќе од потребен, како што вели самата, и по година и пол откако нејзиниот стар беше потполно уништен, таа си ја оствари желбата.
Таа во интервју за Гранд откри дека сега во нејзиниот двор во Дојран има нов автомобил, но и како ги минува топлите денови.
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
„Пливам секој ден, тоа е одлична физичка активност за сите, без разлика на годините. Тука сум со друштво, сакам да сум во големо друштво, а јас, фала му на Бога, го имам. Се бањаме, се забавуваме во Дојрана покрај езерото. Сега алгите во езерото расцветани, па водата е одлична, ем лековита, ем топла“, истакнува Добрила за Гранд.
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Како што вели самата, од сообраќајката што и се случила сонува да си купи друг автомобил како би можела да се однесе од точка А до точка Б.
„Вчера си купив мал автомобил и се чувствувам како птица со крилја. Толку го чекав… Автомобилот за мене е супер, мал и удобен, економичен и не инспирира на лудории. Возам полека и безбедно“, вели оваа неверојатна 95 годишна жена за споменатиот медиум.