Добрила од Дојран го прослави својот 96-ти роденден – пејачката живее бурен живот и во десеттата деценија
Цел ден добива честитки од своите бројни фанови
Добрила Чабриќ-Ивановска го прослави својот 96-ти роденден
За оваа неверојатна жена годините се само бројка, а тоа се познава и по нејзините објави на кои блеска со енергија.
Таа доби голем број честитки од пријателите и колегите кои и посакаа добро здравје и многу среќа.
Инаку, Добрила за минатиот роденден се почести со автомобил, а во интервју за „Гранд.онлајн“ откри дека плива секојдневно и дека е во одлична физичка форма, без разлика на своите години.
Принтскрин
Таа во една пригода откри како се уште е толку витална и полна со енергија, потенцирајќи дека исхраната е многу важна.
Принтскрин
Како што самата вели, таа е вегетаријанец, односно јаде многу малку месо и во главно се исхранува со овошје, зеленчук и салати.
Фејсбук
Исто така не пие и не пуши, освен понекогаш во друштво, но како што самата вели, тоа изгледа лошо како кога на пиле ќе му ставите цуцла. „Тоа на мене не ми одговара“, изјави таа, а потоа додаде и дека се уште живее бурен живот и дека најчесто си легнува во раните утрински часови, за разлика од многу други стари луѓе.