Реклама
Холивуд

„Добив подарок од Атиџе“: Холивудската актерка Џејми Ли Кертис се пофали на Истаграм

Реклама

Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис беше воолдушевена  од нашиот филм „Медена земја“.  Откако доби номинации во двете категории на Оскарите  Кертис на социјалните мережи напиша:

 

Маркетинг

„Колку совршен филм за овој момент. ‘Медена земја’ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“ – напиша Кертис.

На нејзина голема радост таа денеска објав слика на Истаграм и го напиша следново.

Маркетинг

 

„Изненадување. Подарок кој продолжува да дарува. Директно од изворот. Мед од медената земја. Атиџе ми остави тегличка. Ветувам ‘половина за мене, половина за нив’. Во овој случај кои се моите ‘нив’? Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го гледале ‘Медена земја’, ви го препорачувам“.

 

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. Продукцијата е на „Аполо медија“ на Стефанов и „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button