Празникот Раѓање на Пресвета Богородица се одбележува на 21 септември.
Празникот на раѓањето на Марија се прославува на 21 септември, но не е познато, од кога се слави и одбележува. Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.
Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на празникот биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.На Мала Богородица , исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани.
Жените така тој ден не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.Постојат верувања дека на Мала Богородица ништо не трееба да се работат работи кои се работат со раце.Воедно на овој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.