Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Доаѓа големиот празник Богородица: Еве што треба да направат жените

Реклама

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните.

Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзиното „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста.Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните.

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.

Маркетинг

Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави тој ден. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.

Се верува дека ако на Голема Богородица жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.Именден на тој ден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button