ДНК дел од акцијата биди кул седи дома: Со лајв концерт денеска, ПИЈАЧКАТА НА СИТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ОД КУЌАТА
Дуото ДНК, Панчо и Андреј од денеска, во 21:00 часот ќе имаат Live stream концерт.
Еве што напишаа дечките на нивниот Фејсбук:
„Здраво здраво добри луѓе Со оглед на актуелната ситуацијата со коронавирусот знаеме дека на сите вас/нас ни е многу досадно. За таа цел заедно со нашиот бенд решивме да ве изненадиме, а воедно и да ви го направиме поинтересен домашниот престој.
Понеделник со почеток во 21ч ќе направиме LIVE STREAM ( видео/аудио ) концерт од едукативно-забавен карактер и пред се во домашен амбиент, се со цел да ја подигнеме свеста на нашите сограѓани за тоа дека е најбитно во ова време да се #ОСТАНЕ_ДОМА Ќе се дружиме интерактивно ќе #ШИЗИМЕ_И_ПЕЕМЕ_ПО_ДОМА, а вие изолирајте се, следете ги препораките од министерството за здравство и напишете ни која песна сакате да ја слушнете од репертоарот на ДНК.ПС – ПИЈАЧКАТА НА СИТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ОД КУЌАТА .