Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Дипломите ништо не им значат: Овие пејачки немаат завршено ниту основно, а сепак владеат со естрадата

Реклама

Естрадните уметници често се фалат колку бакшиш добиле на некој веселба, а за своето образование молчат. Повеќето од балканските пејачки рано тргнале по патот на славата, па така некои не завршиле ниту основно училиште.

На пример, Северина Којиќ, хрватската поп ѕвезда, уште во младоста одлучи музиката да биде нејзинот живот, па затоа се откажа од средното училиште во Сплит.

Ниту Злата Петровиќ и Весна Змијанац не му се посветиле на образованието па останаа само на основно.

Маркетинг

„Не трчав по дипломи во младоста, тоа морам да го признам. Секако мојот живот имаше некој друг правец, па му се посветив на пеењето. Денеска можам да кажам дека не сум погрешила. Важно е како човекот ја работи својата работа, а секако треба да се посвети на ова во што е добар“, рече Злата.

Александра Пријовиќ дотурка до средно училиште, но престана да оди поради натпреварувањата во Ѕвездите на Гранд. Прија прво се обидела училиштето да го заврши вонредно, но кариерата и беше поважна.
Подалеку од основно не стигна ниту Дара Бубамара, зошто и таа го напушти средното училиште и и се посвети на музиката. Фолкерката се пофали во медиумите дека завршила француски јазик на Сорбона, но се разоткри дека тоа било само курс.

Маркетинг

Од друга страна, некои пејачки и покрај силните тезги успеале да дипломираат!

Со најголемо образование на естрадата може да се пофали Неда Украден. Таа завршила два факултети, правен и филолошки.

„Родителите ми говореа дека да се биде пејачка не е многу за фалење. Татко ми инсистираше да се образувам и да ги завршам студиите. Сакав да го убедам дека можам и едното и другото, па и се школував и се занимавав со пеење. Успеав да завршам два факултета и да направам кариера која трае со децении,“ вели пејачката.

Наследничката на Весна Змијанац Николија Јовановиќ учела во Грција, а таму ги завршила и студиите по меѓународен бизнис.

„И реков на Николија дека прво мора да заврши факултет, а после може да се занимава со што сака“, изјави во една прилика Весна Змијанац, но не сакаше многу да коментира тоа што и самата повеќе не му се посветила на училиштето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button