Димитровска се „мува“ со шест години помладо момче – погледнете како изгледа, има тело за 10-ка!
А поранешниот сопруг на Димитровска е во врска со 17 години помлада девојка
Познатата манекенка во врска со поранешен фудбалер
Како што објавија српските медиуми, Даниела Димитровска повеќе не крие дека е во врска со поранешен фудбалер кој се вика Јеврем.
Таа важи за една од најпознатите манекенки од Балканот со интернационална кариера, а од фотографиите можеме да видиме дека и нејзиното момче воопшто не е за потценување.
Потсетуваме, Даниела неодамна се разведе од познатиот водител Огњен Амиџиќ со кого беше во брак цели 10 години.
Тие останаа во коректни односи, или во нормални како што изјави самата Даниела по разводот во едно интервју, и тоа најмногу заради нивниот заеднички син.
Инаку, последните неколку недели во центарот на вниманието е и водителот Огњен, кој обелодени дека е во врска со својата колешка од „Амиџи шоу“, Мина Наумовиќ. Тие не ја кријат врската и двајцата на социјалните мрежи објавуваат заеднички фотографии од дестинации на кои што уживаат во последно време.
Но за разлика од Огњен, сопственичката на модната агенција „Моделс Инс“ се уште не е подготвена да се пофали со новата врска.
Димитровска сака тоа да остане тајна во следниот период, посебно затоа што се уште не е долго време во врска со поранешниот фудбалер, но нивните чести појавувања по белградските ресторани ги поттикнаа гласините дека се заедно, пишува „Стори.рс“.
Инаку, момчето на Даниела е помладо од неа шест години, додека девојката на Огњен е помлада од него 17 години.
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска