ДИМИТРИЕВСКИ VS. ЛАЗАРОВ – Кој победи во „буткање на рака“?
Се шушка во Куманово дека со години никој никогаш не го победил Максим во „буткање на рака“.
Кумановкиот градоначалник Максим Димитриевски беше гостин во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров.
Кај Лазаров секогаш има многу забава и покрај тоа што се обидува да извлече нешто актуелно, важно за граѓаните, кога се работи за овој профил на гости.
Добро подготвениот водител дознал за една многу силна страна на Димитриевски. Се шушка во Куманово дека со години никој никогаш не го победил Максим во „буткање на рака“.
Дали е вистина дека никој, ни војници ни никој не успеал да те победат во буткање на рака? -го праша Стефан гостинот.
– Од каде занеш ти за тоа?! – се изненaди Димитриесвки.
– Па Куманово е наш град, се дознааваат работите -одговори Стефан, предизвикувајќи го противникот на двобој во живо.
– Тоа со буткањето на рака стана актуелно со филмот на Силвестер Сталоне – раскажува Димитриевски како до минатото станал популарен за оваа работа.
– Сериозно сакаш сега да пробаме? – праша градоначалникот изненаден.
И секако дека пробаа и направија одлично шоу за гледачите во живо. А можете ли да претпоставите кој победи?
Еве го одговорот: