Димитар Апасиев и сопругата на патување низ убавините на Македонија: „Кратово, во срце те носам!“ (фото)
Македонскиот пратеник и неговата сопруга уживаа во убавините на нашата земја.
Сопругата на Апасиев покажа каде го поминале викендов и упати силна порака.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев е оженет со вистинска убавица. Таа зрачи со надворешна, но и со внатрешна убавина.
ФОТО: Фејсбук / Тамара Јованов
Во брачните води успешно пловат од 2017 година.
Иако жените на политичарите се секогаш во нивна сенка, тоа не е случај со Тамара.
Тамара Јованов е професорка на Економскиот факултет во Штип.
ФОТО: Фејсбук / Тамара Јованов
И Тамара и Димитар често знаат да споделат и семејни фотографии, на кои може да се види дека станува збор за едно хармонично семејство кое живее еден нормален живот како секој од нас.
Плод на љубовта на Тамара и Димитар е нивниот син Исак.
ФОТО: Фејсбук / Тамара Јованов
На својот Фејсбук профил, Тамара сподели фотографии од нивната прошетка во Кратово.
Во опис на фотографиите уште еднаш потенцираше дека треба да си ја негуваме нашата земја и убавините кои ги поседува:
„Да беше гратче во Франција, ќе ни беше на топ листа за посета, ама оти е наше, помалку ни чини; тешко ни е за одржување.
500 години од неа грабале и уште има!
Убава ни е Македонија, на нас е да ја сакаме и чуваме.
Кратово, во срце те носам“.