ДЕЈАН СИНОЌА ПРИЗНА ДЕКА ЈА ЗАДАВИЛ ДАНКА Еве кој му помогнал да се ослободи од телото
Сѐ уште не е најдено телото на малата Данка Илиќ, девојчето што на 26 март исчезна кај Бањско поле.
Српската полиција тврди дека го расчистила убиството, дека девојчето е убиено, сторителите се фатени, но телото го нема. Полицијата денеска ја продолжува потрагата по телото на двегодишното детенце.
Првиот човек на УКП, Нинослав Чмолиќ, денеска најави дека повторно ќе се претресуваат куќите на осомничените, како и поширокиот простор околу куќите, вклучително и септичките јами.
Чмолиќ вели дека за време на сослушувањето на осомничените за убиството на Данка тие детално го опишале извршувањето на делото, но кога станува збор за тоа каде е оставено телото на девојчето, нема соработка.
Тврди дека потрагата по малата Данка траела 10 дена поради обемот на информации кои пристигнуваат, а кои морале да се проверат. Проблеми создадоа и временските услови.
„Клучната трага беше дека ги прегледавме камерите и утврдивме дека нивниот автомобил е еден од двата што поминале и останале во областа. Тој автомобил и возачите требаше да бидат идентификувани.
Тие беа полиграфирани тој ден, но тие беа под влијание на алкохол. Имаа задоцнета реакција на прашањето дали сте го убиле детето, што не беше доволно за да им се одреди притвор“, изјави Цмолиќ за ТВ Прва.
Тој посочи дека автомобилот е одземен и дека сѐ уште се врши вештачење. Се вештачат и риватните автомобили на осомничените.
Дејан Драгијевиќ (50) синоќа на распит во Вишото јавно обвинителство во Зајечар призна дека ја задавил Данка Илиќ.
Според информациите до кои дојде Блиц, сослушувањето на Дејан Драгијевиќ синоќа траело повеќе од 2 часа.
Тој во обвинителството откри дека имал помагачи да го извадат телото на Данка Илиќ од депонијата.
– Рече дека татко му и брат му помогнале да се ослободи од телото – вели извор запознаен со случајот.