Реклама
LIFESTYLEВирално

“Деца, одете по својот пат”. ОВА е единствената вистинска причина зошто “ТАМУ НЕГДЕ ” има подобар живот

Реклама

Имав среќа да можам од сопствено искуство да ги споредам економски успешните земји со оние на кои им оди послабо. Да кажеме Данска и Хрватска, Швајцарија и Хрватска, Норвешка и Хрватска.


Иако овие земји, мерено со БДП – по глава на жител, се четири пати побогати од Хрватска, не постои ниту еден единствен економски и социјален параметар кој ќе им даде четири пати поголема предност.

Ниту пак им се четири пати поголеми бруто платите. Ниту здравството не им е четири пати подобро. Немаат ниту четири пати повеќе факултетски образувани личности. Немаат ниту четири пати поголемо сопствеништво на недвижен имот. Немаат четири автомобили на нашиот еден.

Маркетинг

Не знаат дека нивните ученици и студенти се четири пати повеќе од нашите. Не им одат децата на четири пати поскапи патувања од нашите. Нивниот еден не јаде и не пие колку  четири наши, венчавките не им се во просек четири пати поскапи, немаат ни четири мобилни на еден наш.

И тогаш се запрашав себеси, дали оваа класично економска-социјална статистика нешто пропуштила, дали постои макар еден сегмент во кој споменатите земји би биле 5, 10 или дури 20 пати поразлични и поуспешни од нас? Има еден.

Маркетинг

Во економската наука не се истакнува како релевантен, но не ми е грижа, јас мислам дека е важен, преважен. Тоа е осамостојувањето на децата и младите, интеграција во процесот на стекнување навики за работа и пред сè,  напуштањето на домот на нивните родители. Преземањето на одговорноста за сопствениот живот. Тука статистиката е немилосрдна! 40 пати повеќе, полнолетните Балканците помлади од 30 години живеат со тато и мама отколку во Данска.

Не четири, туку четириесет пати повеќе. Залудно ќе ми објаснува некој дека младиот човек „таму, во богатиот свет“ може да си дозволи да плаќа стан под кирија и се` останато од својата плата. А кај нас, тоа наводно е невозможно.

„Детето“ според нас не треба да си оди од дома се` додека неговите родители не му обезбедат стан. Нашата логика се прашува зошто „детето“ (29 годишно магаре со факултетска диплома) би живеело под ниски стандарди, а не во домот на родителите? И во тоа е и целта.

И кај младите Данци забележително oпаѓа стандардот кога ќе почнат да плаќаат кирија, купување намирници и си ја перат долната облека. Но, за неколку години, тие постигнуваат многу и ја добиваат благосостојбата која ја имале кај мама и тато. Во меѓувреме, под притисок се борат за напредок и создаваат на нов круг на пријатели кои се во слична ситуација, и заедно ги откриваат непознатите можности, започнуваат да ги ценат тешко заработените пари, за брзо време созреваат и стануваат одговорни членови на општеството.

Знам дека голем број реакции на оваа колумна ќе бидат негативни во стилот, „кај нас тоа е невозможно“, „затоа нивните деца се нарокмани“ итн. Не сум бесчувствителен на критики, и признавам дека ми е грижа дали ќе им се допадне на луѓето, но овој пат – не ми е грижа! Знам дека сум во право. Приказните за успех не ги пишуваат оние кои спиеле кај нивните родители до нивната 35-та година.

Извор: Горан Милиќ, алтернативна кумуникација

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button