Реклама
Вирално

Децата од нашето соседство ќе тргнат на училиште: Еве кои маски се најдобри за користење и како замена на хируршките

Реклама

Учениците во Србија од 1. септември мора да носат било какви маски – хируршки, епидемиолошки, платнени, вели епидемиологот Предраг Кон. Тој ја демантираше информацијата дека маските мора да бидат трослојни.

„Морам остро да ги демантирам тие написи. Никога не сум рекол дека еднослојните маски не можат да се користат. Ништо не се промени од 11 август кога рековме дека децата и наставниците на училиште може да користат било какви маски – хируршки, епидемиолошки, платнени маски“, рече Кон.

Маркетинг

Тој истакна во една ТВ емисија дека е подобро да се користат повеќеслојни платнени маски кои имаат два платнени слоеви и меѓу нив шифон, и дека таквата маска може да ги замени хируршките маски.

Маркетинг

„Маските повеќе служат за оние кои доаѓаат во училиште, а не знае дека е заразен, за да не ги зарази другите. Тој како и сите останати, мора да носи маска. Таа маска која заразениот ја носи ги штити останатите деца. Останатите исто така носат маски“, наведе тој.

Кон рече дека сите сосема нормално треба да сфатиме дека вирусот ќе влезе во училиштата, но дека со превентивните мерки може да се спречи негово пренесување и ширење внатре во училиштата.

Децата, смета Кон, трба да научат дека мора да носат маска. Тие може да ја извадат додека седат во училишните клупи, зошто ќе бидат на дистанца еден од друг.
Маска повторно ќе мора да стават кога одат до тоалет, на голем одмор. Мора да ги носат и во училишниот двор ако се збиени едни до други.

„Ако ги вадат маските мора да се држи дистанца, а тоа тешко може да се обезбеди“; заклучува тој.

Поврзано

Back to top button