Реклама
Вирално

Дете со аутизам се јави во полиција и побара да му го спасат неговото кадифено мече – нивната реакција ги воодушеви сите

Реклама

Полицијата во Њу Џерси одговарајќи на повик на аутистично дете кое повика број за итни случаи заради своето кадифено мече, успешно ја најде и врати играчка што беше исчезната, објавија американските медиуми.

Полицискиот службеник Кари Манцини од Вудбриџ е обучен да постапува со децата со посебни потреби и кога минатата недела беше испратен по повик кај 12-годишниот Рајан Паул, знаеше што да прави. Момчето рече дека неговата кадифено, кафеаво мече Фреди исчезнало додека си играле со него во собата, па заклучил дека е подобро да побара помош од полицијата отколку од родителите.

Маркетинг

Таткото на Рајан, Роберт Паул, првично беше шокиран кога сфатил дека неговиот син прво ја повикал полицијата. „Го прашав Рајан дали тој го повикал бројот 911″, рече Пол, на што добив одговор ‘Спасување на мечиња’“.

Манцини, кој беше специјално обучен за постапување со деца со посебни потреби, го најде Фреди кога пристигнал во домот на Паул. „Го најдовме мечето, беше во ред”, рече полицаецот Манцини. „Сега е во неговите безбедни раце, неповреден, ништо лошо не му се случило“.

Маркетинг

Камерите го забележаа моментот кога аутистичнто момче го гушкаше полицаецот, бидејќи го спаси неговото омилено мече, и неговата радост ги воодушеви сите.

Таткото на Рајан рече дека е горд на својот син што знаел дека во итни случаи треба да повика помош, но малку беше навреден што прво не го викнал него, кој инаку е пожарникар, туку ги викнал полицајците.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button