Реклама
LIFESTYLEВирално

Десетгодишно девојче го шокираше татко си со списокот со желби за Божиќ: iPhone11, Шанел, 4000 долари

Реклама

Една девојче (10) од Лос Анџелес не смета дека скромноста е доблест, па затоа направи список со желби за Дедо Мраз, кој сега го чита скоро целиот свет.


Нејзиниот татко бил шокиран од списокот на нешта што ќерката ги посакала да ги види под елката. Тој на Твитер објави фотографија од долгата листа на нејзини желби украсени со срце, коментирајќи: „Мојата 10-годишна ќерка не беше при себе додека го правеше овој Божиќен список“.

Посака:  iPhone11, нови слушалки за AirPods, MacBook Air, вистински зајак, облека, шминка, розови патики на Пума, Влечки на Гучи, Чанта од Шанел, парфем, есенцијално масло, нови чевли, обетки, кубни патики (комбиња), GoPro камера, розова леплива лента, лепак и боја  за храна, облека од зајаци, 4000 долари, Lol куклен кампер, Лол кукла / постара сестра.

Маркетинг

Фото: Твитер

Маркетинг

Коментарите за објавата беа разновидни, од совети до ограничување на бројот на нешта што едно дете би можело да посака на шега дека е подобро да најде нова работа за да може да ги финансира сите.

Еден корисник напишал да и купи само лепак и боја за за храна, а за себе камера – па да ја остави и да ја снима да видмие што ќе се случува. Некои рекоа дека ја восхитуваат девојката бидејќи очигледно знае што сака во животот и како да ја бара, пренесува Дејли Меил.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button