Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Денес се слави Свети Јован Крстител: Обичајот вели дека ова не треба да се јаде и да се пие, а еве зошто

Реклама

Древната Црква одреди денот по Богојавление да му го посвети на свети Јован.

За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот пророк беше роден на свети апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму.

Маркетинг

И една од обичаите вели дека до ден денес не треба да се јаде ниту да се пие нешто црвено, затоа што оваа боја ја симболизира крвта на невино пролеаниот светец. Друг обичај вели дека иконите што веќе ќе се изнесат надовр, треба да бидат избришани со крпа натопена со света вода.

Меѓу евангелските личности околу Спасителот, личноста на свети Јован Крстител зазема особено место и заради начинот на доаѓањето во светот и заради улогата на Крстител на луѓето за покајание и како Крстител на Месијата – најпосле и заради трагичното заминување од овој живот.

Маркетинг

Тој се одликувал со толкава морална чистота што навистина може попрво да биде нарекуван ангел. Важно е да се напомене дека денес датумот беше назначен како Свети Јован Крстител од страна на црквата во однос на Водици, затоа што на тој ден, 19 јануари, Јован го крсти Исус во реката Јордан – тоа е причината зошто тој беше наречен „крстител “.

Поврзано

Back to top button