Денес изгледа поинаку и има дечко – Сузан Бојл се врати на сцената (видео)
Пејачката, која стана позната со освојувањето на второто место во третата сезона на шоуто „Британија има талент”, по деветгодишна пауза се врати на сцената.
Сузан Бојл ја пееше „Wild Horses“ и за време на нејзиното прво појавување на телевизија. Одушевени од нејзината изведба, членовите на жирито ја наградија со „златно копче“, а ни публиката не остана рамнодушна.
Сузан изгледа сосем поинаку денес, таа драстично ослабе и има момче кое успешно го крие од јавноста. Пред една и пол година на виделина излезе нејзината врска со американски лекар.
Шкотската пејачка не сакаше да зборува многу за него, но призна дека се на иста возраст и дека нивната врска е сериозна. Бидејќи го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, не е познато дали сè уште се заедно.
https://www.youtube.com/watch?v=wGhXkzb0cHM