Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Денес е Света Петка – Летна: На овој ден се случуваат чуда

Реклама

Денеска е Св. преподобна маченичка Петка.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога останала сама таа го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд.

Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин.. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век. Култот кон Света Петка – Летна кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.

Маркетинг

Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхирстијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.

На овој ден кој е женски празник жените не би требало да месат, готват или да прават било каква работа во домот како не би го предизвикале гневот на светителката.

Маркетинг

Според народното верување на овој празник не треба да се работи, бидејќи во спротивно ќе ви трпнат рацете преку целата година. Младите девојки пак, на овој ден треба да берат цвеќиња и со нив да го красат домот како би имало слога и мир. Исто така овој ден девојчињата треба да облечат нови фустани за да ги следи среќата во текот на годината.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button