Денес е една од најубавите пејачки во Македонија – но на оваа стара фотографија од пред 15 години НЕМА да ја препознаете
Елена Петреска важи за една од нашите најпознати пејачки.
Таа на социјалните мрежи често објавува фотографии на кои можеме да видиме дека ужива во мајчинството и семејниот живот, но и дека често посетува салони за убавина. Благодарение на тоа, Елена секогаш изгледа тип-топ средена од глава до пети, иако нејзиниот моден стил претрпе голем број трансформации низ годините.
Како изгледаше Елена, која денес е мајка на две деца, пред 15 години, а како изгледа сега можеме да видиме од фотографиите во продолжение. Имено, Елена на старата фотографија што следува носи мал црн фустан украсен со реси кој ги стави нејзините нозе во преден план.
Но мораме да признаеме дека Елена и денес изгледа атрактивно и дека нема маж на кој не би му се допаднала.
Имено, Елена во минатото се облекуваше многу поразлично, и „фураше“ поинаква шминка и фризира, па кога ќе ја споредиме со сегашниот изглед, гледаме огромна разлика.
Но таа и денес обожава да носи ултра кратки фустанчиња, за кои мораме да признаеме дека и стојат феноменално.
Таа иако е мајка на две деца, Михаел и Софија, се уште има тело на кое може секој да и позавиди, а во последно време изгледа се поубаво и поубаво што можете да заклучите и сами од нејзините фотографии.
Елена едно време беше и русокоса, но повторно ја врати својата црна боја која најмногу и прилега.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од кои можете да видите што носи и кои се трендовите што ги следи убавата пејачка во последно време.
Па, дали ви се допаѓа стилот на Елена?