Реклама
Вести

Денес е голем празник, се верува дека девојките не треба да ги прават овие 3 работи

Реклама

Гаврил — архангел во аврамските религии кој се смета дека служи како гласник на Бога и еден од големите седум архангели кои претстојат пред престолот Божји.

За прв пат се појавува во Книгата на пророкот Даниел во рамките на Хебрејската Библија. Некои го нарекуваат и отелотворение на Светиот Дух. Христијаните и муслиманите веруваат дека му ги прорекол раѓањата на Јован Крстител и Исус на Захарија и Дева Марија, а во исламот пак, тој му го открил (дал) Куранот на пророкот Мухамед.

Свети Aрхангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А на 26-ти, црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Маркетинг

Многу обичаи се поврзани со овој светец. Девојките денес не треба да се занимаваат со ракотворби, да шијат и да плетат.

Маркетинг

На свети архангел Гаврил е добро да му се молат неплодните жени, бидејќи се верува дека носи „благи“ и добри вести. Архангел Гаврил им се јави на Јоаким и Ана и го објави раѓањето на Пресвета Богородица, а потоа и на Пресвета Богородица со веста дека ќе роди Син, спасителот на човечкиот род, Господ Исус Христос.

На овој голем празник не треба да се работи, туку се препорачува да се одмара, но сепак се смета дека иако не треба да се работи за себе и за пари, ова е идеално време да се почне добротворна работа. Треба да споделуваме се што имаме со блиските бидејќи ова е празник на споделувањето.

Потрудете се денес да направите некое добро дело, па дури и некое симболично. Нема да ве чини ништо, а светецот ќе ви помогне да ви се промени животот.

Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел на смртта или Божји гласник. Талмудот вели дека тој е единствениот ангел кој знае да зборува сириски и арамејски. Во Исламот Гаврил е еден од главните Божји гласници но другиве горенаведени титули не му се припишуваат (бидејќи, на пример, ангел на смрта е Азраил).

Во Католичкото Предание се смета за еден од архангелите. Во исламот е главниот од четирите блажени ангели и духот на вистината, а според некои други (неисламски) гледишта, Гаврил и Светиот Дух се едно исто. Се споменува и во Бахаизмот, највеќе во мистичното дело Бахаула со наслов Седумте долини.

Во христијанството – Нов Завет

Во Новиот Завет, Гаврил е ангелот кој му открива на Захарија дека Јован Крстител ќе се роди на Елисавета, и ја посетува Марија за да ѝ соопшти дека ќе го роди Исус. Гавриловата посета на Марија во Евангелието според Лука често пати се нарекува „Благовештение“, настан кој се слави на 25 март кај православците и римокатолиците.

Гаврил можеби го посетил и Јосиф. Откога чул дека Јосиф сакал да ја остави Марија, но на сон му се јавил „Господов ангел“ и му рекол дека таа зачнала од Светиот Дух.

Според една подоцнежна легенда, тој е и неименуваниот ангел во Откровението кој дува во труба за да го најави Судниот Ден.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button