Реклама
Хороскоп

Денеска се празнува Свети Јован Крстител заштитникот на кројачите, крзнарите, затворениците, но и на пејачите и музичарите

Реклама

Свети Јован Крстител го славиме како сеќавање на денот на Крштевањето на Исус и улогата на светителот кој го подготви народот за новата вера

Македонската православна црква денес го слави Св. Јован Крстител, блискиот роднина на Исус Христос, познат и под името Јован Претеча. Во текот на  годината на овој Голем светител му се посветени три празници, а денешниот, по празникот Богојавление е најважниот.

Маркетинг

Јован се нарекува Крстител, бидејќи според религиозното учење, во реката Јордан го крсти Исус Христос, а Претеча бидејќи го најави доаѓањето на Христос.

Според традицијата, Св. Јован живеел едноставно и подвижнички, хранејќи се со инсекти и мед од диви пчели, а се облекувал во облека од влакна од камила. Во реката Јордан ги крстел сите што се покајале. Верниците многу често го користат неговото име за име на своите деца, и ова важи како за православните така и за католичките родители. Разликата е во тоа што православните христијани најчесто прославуваат слава, додека католиците – именден.

Маркетинг

 

Свети Јован е заштитник на кројачи, крзнарите, затворениците, осудените на смртта, но и на пејачите и музичарите.

Во секој православен храм се наоѓа негова икона.

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници. Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик.

Во исламот е познат како пророк Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински месија.

Верувања 

Точно на полноќ, кога настанува денот на Свети Јован, изберете едно јајце и спуштете го во вода – ако потоне, тоа значи дека судниот ден е близу.

Ова е само еден дел од народното верување во моќта на воскреснувањето на животот и неговата духовна врска со Бог, Христос и Светиот Јован.

Проповедање

Во младоста, Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години, тој ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиотнарод, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Според евангелистот Лука, Јован ја започнал својата проповед во 15 година од царувањето на Тибериј, во времето на јудејскиот намесник Понтиј Пилат и Ирод Антипа. Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Тој често проповедал: „ По мене иде Посилен од мене; пред Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки. Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух “

Во тоа време, Исус се подготвувал за својата мисија. Но, според тогашните закони, учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус, кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да биде крстен.

Јован, кој дотогаш не го имал видено, според евангелието, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот, Јован го одвратил, велејќи му: „ Јас треба од тебе да бидат крстен, а ти при мене ли доаѓаш? “  Но, кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата.

Погубување

Особено лута и осветољубива била Иродијада. И таа чекала прилика да му се освети. Еднаш, кога Ирод организирал прослава на својот роденден со присуство на мноштво народ, меѓу кои и највидните државни првенци, кога обилно се пиело вино, кога се играло и пеело, одеднаш се појавила Саломија, ќерката на Иродијада, која што со својата игра толку го занесла Ирода што тој и ветил дека во тој момент ќе и исполни секаква желба, ќе и даде сè што ќе посака, дури и да се работи за половината од царството. Саломија не знаела што да посака, па отишла да се посоветува со својата мајка. Пакосната мајка, која долго го чекала овој час (зашто не можела да му го прости јавното разобличување), веднаш ѝ рекла да ја побара главата на Јован. Кога Саломија тоа му го соопштила на Ирода, тој се изненадил, но ветувањето дадено пред многу народ го обврзувало и морал да го исполни. За кусо време, девојката ја имала на послужавник главата на Свети Јован, која ја предала на својата мајка. И по неговата смрт, Иродијада продолжила да се изживува над мртвото тело на Св. Јован, бодејќи го неговиот јазик со игли. Според преданието, телото на Јован го зеле неговите ученици и го погребале, а главата ја зела Иродијада, која ја закопала во дворецот на Ирод, плашејќи се наводно да не може да воскресне Јован. Сепак, еден чесен дворски слуга ја закопал главата на светецот.

 

Бигорски манастир Св.Јован Крстител

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, меѓу нив и Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител во Македонија. Токму на тоа свето место се наоѓа и чудотворната икона на Свети Јован Крстител.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button