Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Денеска е Теодосиј Велики, Бог му подари дар на чудотворство, да исцелува болни

Реклама

Денеска е Преподобен Теодосиј Велики.

Тој ја достигна блажената состојба на душата, го облагодати телото и се исполни со непрестана радост, а Бог го надари со дар на чудотворство и прозорливост. Потоа основа манастир близу Ерусалим. Инаку, свети Теодосиј Велики се смета за основач на општожителната форма на монашкиот подвиг.

Маркетинг

Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети светиот Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре.

Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Затоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта и во слава Божја истовремено се служеше и пееше на грчки, ерменски, грузиски итн.

Маркетинг

Но, во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето.

Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господа кога имаше сто и шест години, во 529 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button