ДЕНЕСКА Е ТЕЖОК ПРАЗНИК, ОТСЕКУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА СВЕТИ ЈОВАН: На овој ден е строг пост- еве што не смеете да јадете ниту пиете
Денеска е строг пост...
Православните христијани денеска го одбележуваат Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител.
фото илустрација
На овој ден е строг пост и не се јаде ниту пие ништо црвено бидејќи потсетува на пролеаната крв на Свети Јован Крстител. Денеска не смеете да јадете црвено јаболко, домат, праска, ниту црвено грозје.
фото илустрација
Овој ден е посебен за христијанството бидејќи се одбележува како денот на см.ртта на светецот кој како современик на Исус Христос и неговиот крстител се смета за последен пророк на Стариот и прв пророк на Новиот завет.
фото илустрација
Овој празник се нарекува и есенски Свети Јован или Јован Обезглавен. На денешен ден, императорот Ирод Галилејски наредил да му се отсече главата на Свети Јован.
фото илустрација
Промискуитетниот и развратен цар Ирод ја протерал својата жена за да живее со својата љубовница, жената на својот брат. Свети Јован го крена својот глас против тоа и веднаш беше фрлен во затвор.
фото илустрација
За време на една гозба, Саломе, ќерката на неговиот наложник, се појавила пред гостите и почнала да танцува облечена само во седум велови. Пијаниот Ирод, воодушевен од играта, ја посакува девојката и ветува дека ќе и даде сè што ќе побара. Развратните мајка и ќерка ја побарале главата на светителот.
фото илустрација
Ирод нареди да му ја отсечат главата на Јован и да му ја донесат. И така биднало.
фото илустрација
Се верува дека на овој ден треба да се берат лековити билки – кантарион, нане, коњско опавче, линцура. Исто така, не се работат тешки работи.