Реклама
Хороскоп

Денеска е Светиот свештеномаченик Харалампиј, чувар од болести

Реклама

Денеска е Харалампиј, празник попознат и’ како Чуминден.

 

Маркетинг

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера.

Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.

Празникот Свети свештеномаченик Харалампиј народот го вика Чуминден. Поврзан е со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува со чумата зошто таа се смета за најопасна болест. Народот верувал дека тој е пазител од чумата која ја соборил и победил, а тоа бил ѓаволот .

Поврзано

Back to top button