Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Денеска е Преподобна Теодора: Овие 3 работи никако не смеат да ги прават жените

Реклама

Преподобна Теодора првин живееше брачен живот.

Но, се случи така што самата се излажа, па го измами својот маж со некој друг човек. Уште истата вечер доживуваше силен внатрешен потрес поради погрешниот избор, па го остави домот и мажот, и стапи во машкиот манастир Октодекат под името Теодор.

А додека беше во манастирот, некоја блудница го наклевети овој Теодор пред игуменот дека ја обесчестил, па игуменот ја истера Теодора од манастирот. Блажената Теодора ова го прими мирно и цели седум години се грижеше за детето на блудницата. Потоа игуменот и дозволи да се врати во манастирот, каде таа проживеа уште две години.

Маркетинг

Откако таа го напушти светот, игуменот виде дека Теодор е жена. Нему му беше откриен од Бога и нејзиниот таен подвиг. А кога за нејзината загуба дозна и мажот и, и самиот стапи во манастирот Октодекат и остатокот од животот го помина тука. Блажена Теодора се уполои во 490 година.

За денешниот ден се верува дека не треба да се шие, да се пере и да се постилаат алишта. Се верува дека девојките кои ќе го направат спротивното ќе останат без среќа и пород, а машките ќе бидат неуспешни.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button