LIFESTYLEВести

Денеска ги славиме Светите маченици: Една работа мора да направите за среќа и блаженство

Advertisement

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 септември. Денеска е Св. мач. Трофим, Савантиј и Доримедонт.

Во времето на царот Пров, во 3 век, кога во Антиохија началствуваше некој Атик, дојдоа во Антиохија двајца христијани, Трофим и Саватиј, обајцата угледни и чесни граѓани.

Advertisement

Но, се случи токму во тоа време скверното празнување и жртвопринесување на Аполон во Дафна кај Антиохија. Атик особено се грижеше сите граѓани да земат учество во тоа празнување.

Па, бидејќи некои ги видоа Трофим и Саватиј, му јавија на Атик дека овие туѓинци не земаат учество во нивниот празник. Атик ги даде на суд, па бидејќи не се одрекоа од Христа, еден по еден ги подложи на маки.

Откако ги изби и ги намачи, Трофима го испрати во Фригија кај некој Дионисиј, уште полут мачител на христијаните, а самиот го изведе од затворот Саватиј и почна да го суди.

Фото пекселс

Кога мачителот го запраша Саватиј кој е и каков чин има, тој му одговори: „Мојот чин и моето достоинство, и татковина, и слава, и богатство мое е Христос, Синот Божји, секогаш жив, врз Чија Промисла вселената стои и се управува.“

За ова го биеја и го растргнуваа, го стружеа со железо, додека не му излегоа коските од под месото. Во тие маки и издивна.

А Трофим, мачителот Дионисиј го подложи на големи маки и го држеше во затвор за уште поголеми. Тогаш кај Трофим во затворот дојде и му служеше некој сенатор Доримедонт, потаен христијанин.

Фото пекселс

Кога дозна за ова, мачителот почна да ги мачи двајцата и најпосле ги фрли пред ѕверови. Но, ѕверовите не ги ни допреа. Свети Доримедонт намерно ја дразнеше мечката влечејќи ја за уши за да го растргне, но при сето тоа мечката му се умилкуваше.

На крајот, мачителот нареди та светите Трофим и Доримедонт ги убија со меч. Душите на овие маченици царуваат на небесата.

Фото пекселс

Според мислењето на црквата, на овој ден, знаејќи за тортурата низ која поминале овие тројца маченици, треба да се радуваат на своите маки и на маките низ кои поминале и излегле од него посилни – со вера во Бога.

Иако звучи страшно да се радуваме на нечие страдање, но оние кои го разбираат вистинското значење на ова барање, според христијанската вера, ќе живеат во среќа и блаженство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button