Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Денеска е голем и тежок празник: Ова задолжително направете го, ако времето е ведро

Реклама

Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица-Мала Богородица.

Во чест на денот на раѓањето на Марија, идната мајка на Господ Исус Христос Светата христијанска црква го востановила празникот Рождество на Пресвета Богородица, празник во народот попознат како Мала Богородица што секоја година се празнува на 21 септември според новиот, односно на 8 септември според стариот календар.

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот.

Маркетинг

Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете. Голема им беше радоста кога се роди Марија, но голема беше и нивната чесност пред Бога, па тие, не заборавајќи дека Бог на посебен начин им го дал детето, ја дадоа Марија да се воспитува во Ерусалимскиот храм до времето кога му стана свршеница на праведниот Јосиф, т.е. кога Бог одреди да ја прими вест од ангелот дека ќе го роди Спасителот на светот.

За овој  ден се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на празникот биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.На Мала Богородица , исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани.

Маркетинг

Жените така тој ден не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.Постојат верувања дека на Мала Богородица ништо не трееба да се работат работи кои се работат со раце.Воедно на овој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button