Вести

Оваа девојка сама се грижи за петте браќа и сестри: Не сакав ништо да им недостига по смртта на нашите родители

Advertisement

Оваа девојка сама ги воспитува своите помали браќа и сестри уште од 17-годишна возраст, откако ги загубија двајцата родители од агресивен тип на рак.

Денес, 21-годишната Саманта Родригез е родител на своите помали браќа и сестри веќе четири години во Орландо, Флорида.

Advertisement

Саманта сама се грижи за шеснаесетгодишната Милагрос, петнаесетгодишната Бренда, дванаесетгодишниот Мајкл, деветгодишната Бела и седумгодишната Дестини.

– Кога моите родители починаа, имав 17 години. Тие се уште беа деца и некој мораше да се грижи за нив.

На нивната мајка, Лиза Смит, и беше дијагностициран агресивен рак на грлото на матката во 2013 година, а само три години после тоа, нивниот татко Александар се заразил со лимфом и набрзо починал.

Девојката сериозно ја сфатила улогата на старател

Тогаш Саманта сериозно ја сфатила улогата на старател, па редовно ги носи на училиште, на лекар и на спортски активности.

*Фото: YouTube

Во исто време, таа им помага со домашните задачи, и некако наоѓа време да учи додека работи и како келнерка за да го издржува семејството.

Таа сака да биде како нејзината мајка

– Од мајка ми наследив многу сила. Поминав многу време со неа и затоа кога ја загубивме знаев дека сакам да бидам како неа во секоја смисла на зборот. – рече таа.

Кога нејзината мајка се разболела, Саманта го напуштила училиштето за да се грижи за неа, но сепак не заборавила на своето образование, па пред неколку години ја добила својата диплома.

– Кога сфатив дека сакам моите браќа и сестри да станат успешни луѓе кога ќе пораснат, сфатив дека морам да се вратам на училиште и да им бидам пример.

Јас сум многу среќна, тие всушност ме прават среќна бидејќи тие се мое семејство и ништо не ми е тешко. – заклучи оваа храбра девојка во интервју за ABC News.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button