Реклама
Вирално

Девојчето кое го шоkираше светот: Поради она што се случува со нејзините очи, лекарите кренаа раце, немаат објаснување

Реклама

Случајот со 11-годишнотo девојче од Индија ги остави зачудени лекарите кои ја прегледаа.

11-годишното девојче во болница во Њу Делхи била донесена од страна на мајката, загрижена што девојчето претходните денови од двете очи лачела крвави солзи.
Експертите утврдиле дека девојчето во минатото немало никакви заболувања кои би можело да се поврзат со хемолакрија.

Маркетинг

Девојчето останало во болницата неколку дена за да се следи нејзината состојба при што исто така се случило пред лекарите очите два до три пати во денот да ѝ лачат солзи со траги од крв.

Направени биле низа тестови. Општиот преглед покажал дека е во добра општа здравствена состојба, а девојчето имало и совршен вид и очен притисок.

Крвната слика ѝ била добра, а на скенерот не се забележани никакви аномалии. Жлездите ѝ биле нормални, а солзите на анализите исто така не покажале ништо невообичаено освен присуство на крв во нив.

На крајот, лекарите ја дијагностицирале нејзината состојба како идиопатска, односно од непозната причина. Целиот случај е објавен во едно угледно медицинско списание.

Хемолакрија најчесто се поврзува со бактериски коњуктивитис, но кај жените исто така може да биде предизвикано со дибаланс на хормоните. Исто така може да биде и знак на тумор.

Поврзано

Back to top button