Девојки, ќе се изненадите каков фраер е сопругот на македонската Гранд ѕвезда – вистински Аполон!
Пејачката ужива во бракот со својот сакан
Нејзиниот сопруг изгледа одлично
Младата и талентирана битолчанка, Марија Груевска, која што јавноста ја запозна преку нејзините ексцентрични настапи во „Ѕвездите на Гранд“, на социјалните мрежи често објавува фотографии.
И откако неодамна ги изненади сите со најновата трансформација што ја направи, пејачката пред неколку дена објави уште една фотографија со која што предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
Имено, таа на годишнината од бракот објави фотка од свадбата на која е со нејзиниот сакан Синиша Стојаноски.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фотографијата всушност ја објави Синиша, а таа ја сподели на својот профил со емотивната порака што ги разнежни сите.
„Мојот свет. Те сакам“, напиша таа и додаде неколку емотикони со срциња, по што следуваа уште неколку срциња од нејзиниот сопруг.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Од фотографиите што Синиша ги објавува на својот профил, може да видиме дека редовно тренира и води сметка што внесува организмот.
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски
Имено, тој изгледа како Аполон и му се познава секој мускул, а колешките на Марија ѝ се љубоморни што има ваков фраер покрај себе.
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски
Инаку, Марија пред само неколку дена привлече внимание кога се пофали дека има нова боја на косата и ги изненади сите.
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски
„Повторно црна“, напиша Марија која за време на натпреварот во „Ѕвездите на Гранд“ од популарната поп-пејачка Јелена Карлеуша, која тогаш беше дел од жирито, заради својот изглед го доби прекарот македонската Ким Кардашијан.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Потсетуваме, Марија во „Ѕвездите на Гранд“ покрај својот добар глас привлекуваше внимание и со провокативните изданија со кои ја воодушевуваше публиката и за кои и ден-денес се зборува.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Таа набргу по шоуто го изговори своето судбоносно ДА и се ожени со своето момче Синиша кој и за време на натпреварот и беше поддршка.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Набргу по свадбата, тие заминаа на Германија, а нејзините фанови се нестрпливи и чекаат да слушнат нова песна од неа.