Трендови

Девојките на Твитер полудеа по овие кратки шорцеви со џеб во кој може да ви ги собере сите потребни (и непотребни) работи – од очила за сонце до цигари и шминки

Advertisement

Откако една девојка на својот профил на Твитер објави фотографија на која позира во шорцеви со надворешен џеб, илјадници луѓе од целито свет во истиот момент решија да најдат и за себе еден ваков пар.

Фото: Твитер

Кратките шорцеви кои за многумина се генијално решение на секојдневниот проблем со „вишокот на мали нешта“ стана вирален хит на социјалните мрежи.

Advertisement

Лиз Никол од Флорида сподели две фотографии на кои позира во куси бели шорцеви на Твитер. На фотографиите можеме да видиме еден отворен надворешен џеб со три дополнителни мали прегради, кои се полни со пари, очила за сонце и шминки. По објавувањето на фотографии, Лиз има собрано повеќе од 43.000 ретвитови и стотици луѓе коментираа за оригиналната идеја во решавање на вечниот женски проблем – премногу мали нешта кои во секое време треба да ги имаат при раце, а кои никако не можат да ги сместат во топлите летни денови кога носат само шорцеви.

 

Следуваат коментари во стилот „Во ред, сега морам и јас да го имам и ова!“ или „Ова е голем пронајдок! “ пишуваат корисниците на Твитер воодушевени од идејата. Меѓутоа, под фотографиите Лиз напиша само „Мојата мајка го направи ова“ (My Mom Made It) и со тоа доведе многу луѓе до погрешен заклучок дека џебот-чанта е производ на креативноста на нејзината мајка, а во реалноста всушност станува збор за бренд што го носи токму тоа име.

Фото: Твитер

Па така откако многу девојки во коментарите ја прашаа дали нејзината мајка може и за нив да направи слични шорцеви, Лиз мораше да објаснува дека „My Mom Made It“ е всушност името на брендот што го дизајнираше овој модел.

Но шорцевите и не се баш така евтини. Тие чинат околу 3000 денари (односно поточно 69 австралиски долари).

Фото: Инстаграм/ My Mum Made It

Во прашање е австралиски бренд, а нивните модели се дизајнирана од страна на основачот на брендот Најри Лекенбај. „Поради вас моите шорцеви стане вирални. Ве обожавам, екипо“ – коментираа претставници на брендот на нивната официјална страница на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/BqDUJ_MFLbJ/

https://www.instagram.com/p/BqBG-V8l15P/

https://www.instagram.com/p/BqA1N3bFMe-/

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button