Наши ѕвезди

Девојка што настапи во „Суперталент“ заврши во болница – поради негативните коментари се чувствува многу лошо

Advertisement

Младата натпреварувачка по емисијата коментарите на социјалните мрежи толку ја погодија што заврши во болница.

Advertisement

Памела Миџиќ од Осиек се чувствува лошо и заврши на инфузии во болница, пишува „Далматински портал“. Младата натпреварувачка по својот настап во хрватскиот „Суперталент“ беше потполно разочарана од коментарите и реакциите што ги доби на социјалните мрежи, но и покрај лошата состојба успеа да им одговори на неколку прашања на новинарите.

„Не сум воодушевена од својот настап, можев и подобро, но кога човек ќе застане пред онолку луѓе и жири кое е стручно, тогаш ќе се исплаши па настапот нема да биде како што го замислувал“, изјави Памела и додаде дека своите вокални способности би ги оценила со тројка.

Нејзините родители ја поддржуваат и веруваат дека еден ден би можела да биде подобра, и дека не треба да се грижи поради коментарите на хејтерите, туку само да оди напред кон остварување на своите цели.

Advertisement

И покрај тоа што не доби преодни оценки, таа изјави дека повторно ќе се пријави за овој натпревар и дека нема да се откаже од намерата еден ден да стана пејачка.

„Не се откажувам бидејќи обожавам да пеам, го сакам тоа и не планирам да ги кревам рацете од она што го сакам, тоа е исто како и во љубовта, не се откажуваш од оној што го сакаш, а музиката и пеењето се моите две најголеми љубови во животот“ изјави за медиумите Памела.

 

Да потсетиме, Памела во „Суперталент“ доби четири непреодни оценки од стручното жири. Таа е од Осиек, а живее во Сплит. Со нејзината сестра Патриција во 2017 настапи на аудицијата за хрватското шоу „Ѕвезди“, но нивниот настап не го воодушеви жирито и тогаш. Таа во 2018 снимаше и песна „Недостајеш“ која можете да ја слушнете во продолжение, а нејзиниот спот има преку 300.000 прегледи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button