Девојка од Хрватска ги крши строгите правила во Катар со своето провокативно облекување и вели дека не се плаши од апсење

Хрватска навивачка и манекенка истакна дека се чувствува удобно додека ја носи својата провокативна гардероба на Светското првенство, без притоа да увствува страв дека ќе биде уапсена во Катар, каде постојат строги закони и правила на облекување, бидејќи станува збор за конзервативна држава.
Ивана Кнол рече дека првично била „супер лута“ откако ги прочитала ограничувањата на кодексот на облекување во Катар, каде и на машките и на женските посетители им се советувало „скромно да се облекуваат“ во јавност.
Но, 26-годишната девојка изјави дека властите „не и прават никакви проблеми“, за нејзините повеќе од 700.000 следбеници на Инстаграм секојдневно да добиваат новости во врска со нејзиниот избор на облека за време на турнирот.

Кнол носеше тесен црвено-бел фустан, кој го оцртува нејзиното тело, за време на напреварот Хрватска-Мароко.
За носењето на костими за капење и бикини во јавност, во Катар, доби и поддршка, но и критика од корисниците на социјалните мрежи.
Кнол изјави дека што таа го прави не е за да ги повреди другите:

„Како мојот фустан или бикини можатд а повредат некого? Ве молам објаснете ми го тоа“.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги советуваше посетителите во Катар дека од жените се очекува да ги покриваат рамениците и да избегнуваат да носат кратки здолништа.

Инфлуенсерката Кнол, во изјава за новинската агенција PA пред меѓународниот стадион Калифа во Доха, рече:
„Прво мислев дека ако Светското првенство ќе се игра во Катар, сигурно ќе ни дозволат секакви удобности за навивачите, без никакви рестрикции“.
„Тогаш слушнав за правилата и бев шокирана. Кодексот на облекување забранува покажување раменици, колена, стомак и сè, а јас помилив: „О Боже мој, немам ни облека да го покријам сето тоа“.

„Бев многу лута затоа што ако не сум муслиманка и ако ние во Европа го почитуваме хиџабот и никабот, мислам дека треба и тие да го почитуваат и нашиот начин на живот, нашата религија и на крајот на краиштата јас носам фустани, бикини затоа што сум Католик од Хрватска кој е тука поради Светското првенство“.
„Но, кога пристигнав, бев изненадена што не прават никакви проблеми околу облекувањето, тие ви дозволуваат да носите сè што сакате – освен во владините згради, каде тоа е сосема во ред“.
На прашањето дали чувствувала некаков ризик дека ќе биде уапсена поради нејзиното облекувае, Кнол одговори: „Никогаш не се плашам од такво нешто“.

ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол