Реклама
Вирално

Девојка гледајќи „Вовед во анатомија“ сфатила дека нема анopексија туку ретка стомачна болест

Реклама
Фото: инстаграм/ Оливија Весило

Една американска танчерка одлучи да ја раскаже својата животна приказна како не боледува од „анорексија“ туку гледајќи епизода од популарната медицинска драма “Вовед во анатомија“ сфатила дека има ретка стомачна болест.

Оливија од Џерси Сити во Њу Џерси објасни дека имала страшни стомачни болки секогаш кога јадела, и додека докторите се обидувале да откријат што не е во ред со неа, едноставно не можеле да дадат дијагноза.

Состојбата на Оливија почнала да се влошува кога имала 17 години, и во рок од една година таа значително ослабнала од 63,5 килограми на 40 килограми бидејќи имала болки во стомакот секогаш кога се обидувала да јаде. Таа со тешки маки се обидувала да внесе само по 600 калории дневно.

Маркетинг
Фото: инстаграм/ Оливија Весило

Во своето интервју, Оливија објаснува: „Ги следев моите калории и бев среќна ако успевав да изедам по 600 калории дневно. Јадењето повеќе од тоа едноставно не беше можно и постојано гладував“.

Фото: инстаграм/ Оливија Весило

Оливија открива дека имала бројни посети на лекар и разговарале за нејзините стомачни болки и мачнината, но не можеле да и дадат дијагноза со која ќе се објаснат нејзините симптоми велејќи: „Секогаш се чувствував одвратно, но најтешко ми паѓаше кога докторите ќе речеа дека имам депресија и најверојатно и анорексија“.

Маркетинг

„Не сакав многу да јадам зошто ме болеше и најмногу ми беше мака што докторите немаа објаснување и покрај се. Имав направено толку многу тестови, а ниту еден доктор не откри што ми се случува, а јас знаев дека нешто е многу лошо“.

Фото: инстаграм/ Оливија Весило

До пресврт во животот на Оливија дошло кога во октомври 2018 година гледала епизода од популарната ТВ серија „Вовед во анатомија“, сезона 15, епизода 5 -кога бил прикажан редок стомачен синдром наречен МАЛС.

Една од карактерите во серијата имал исти симптоми како Оливија и во шоуто му дијагнистицирала МАЛС. Претходно, на Оливија постојано и сугерираа дека страда од депресија и анорексија.

Фото: инстаграм/ Оливија Весило

„Еден од ликовите имаше исти симптоми како мене и му рекога дека има МАЛС, и јас си помислив – ова е премногу добро да биде вистина“, рече таа.

„Тоа беше оној момент кога ми светна сијаличката и од тој момент јас без убедена дека ја имам таа болест, додека претходно низ глава постојано ми се врткаше она: депресија и анорексија“.

-Откога ја гледав таа епизода на „Вовед во анатомија“ почнав да пребарувам на интернет за МАЛС и тогаш бев сигурна дека тоа е навистина, вели Оливија.

Според медицинските сајтови, МАЛС (MALS – median arcuate ligament syndrome) е кога средниот лачен лигамент, лента од ткиво во облик на лак во долниот дел на градите, седи пониско од нормалното, создавајќи притисок врз целијачната артерија.

Оваа е артеријата која носи крв во нашиот стомак, црн дроб и другите органи, и кога крвниот тек е намален, може да предизвика болка која станува појака кога пациентите се обидуваат да работат или да јадат.

Фото: инстаграм/ Оливија Весило

Претпоставката на Оливија се покажа како точна и таа и формално од страна на лекарите беше дијагностицирана со МАЛС и и беше направена операција со која и се промени животот. Тоа се случи благодарение на д-р Ричард Хсу, водечки експерт за МАЛС, во болнциата Стемфорд, во Контектикат, кој на Оливија и понуди корективна операција со која беа поместени крвните садови во нејзиниот стомак кои и предизвикуваа толку многу болка.

Фото: инстаграм/ Оливија Весило

На оваа фотографија е сликана Оливија после операцијата што ѝ го промени животот.

„Јануари 22-ри… моето повторно раѓање! Откако конечно ја примив дијагнозата, отидов на направам една од најголемите операции низ која може да помине човек за да си го повратам мојот живот“.

Колку и да сакам оваа битка да ја чувам за себе и да избегнувам јавно да се покажувам себеси и луѓето да ме сожалуваат поради тоа што бев и како изгледав, знам дека имам обврска да го споделам моето патување со болеста МАЛС со цел да им помогнам на другите кои се борат.

Фото: инстаграм/ Оливија Весило

„Ако вие или некого што го познавате страда од гастролошки проблеми и бил на повеќе од двајца гастроентеролози без да добие одговори, побарајте што е МАЛС или други васкуларни компресии. Тоа може да ви го спаси животот“.

Фото: инстаграм/ Оливија Весило
Фото: инстаграм/ Оливија Весило
Фото: инстаграм/ Оливија Весило

Извор: VT

Поврзано

Back to top button