Девојката со крилја стана мајка! Иако е родена без раце роди здраво девојче – фотографиите што ги објави од бебето ги воодушевија сите
Пристигнуваат честитки од сите страни…
Дејана Бачко од Србија, попозната како Девојката со крилјата, се оствари во најважната улога во нејзиниот живот.
И покрај тоа што е родена без раце таа на свет донесе здраво девојче и веднаш се пофали на социјалните мрежи.
Таа и нејзиниот партнер Марко Њежиќ добија ќерка на која и го дадоа името Лара, а мајката го покажа бебенцето на Инстаграм.
Откако ја соопшти веста ги воодушеви своите бројни обожаватели на Инстаграм од кои постојано добива честитки.
Таа е успешна млада дама, а посебно се има истакнато како сликарка. Како што самата вели, Бог и ги одзел рацете, но и подарил крилја, така што сега само небото и е граница. За неа не постојат препреки и таа денес може да прави сé како и сите останат, и тоа само со своите нозе.
Покрај сликањето и таеквондо, таа сака и да патува, плива, игра фудбал, а нејзино мото е „Верувај во себе и ќе леташ високо“.
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко