Реклама
Новости

Девојката со крилјата се омажи: Блескаше во преубавата венчаница, сопругот плачеше на првиот танц

Најубавиот ден во нивните животи, сопругот не можеше да ги здржи своите солзи радосници кога ја виде...

Реклама

Познатата „девојка со крилјата“ чие вистинско име е Дејана Бачко овој викенд се омажи за својот партнер Марко Нежиќ.

Тие во февруари се заколнаа на вечна љубов пред Господ, а сега ја направија и нивната граѓанска венчавка.

На социјалните мрежи испливаа фотографии од нивната свадба од кои може да видиме дека атмосферата била одлична.

Маркетинг

Инстаграм/ Девојката со крилјата

Невестата блескаше во белиот фустан со светки и бели патики, а младоженецот избра класичен костум.

Маркетинг

Инстаграм/ Девојката со крилјата

На свадбата сите беа весели, а невестата во еден момент се качи на столовите и играше опкружена со трубачите.

Инстаграм/ Девојката со крилјата

Не изостана и традиционалното фрлање букет, а како сето тоа изгледаше погледнете од објавите во продолжение….

Инстаграм/ Девојката со крилјата

Еден ден по венчавката се огласи и Марко со неколку фотографии, но откри и дека пупштил солзи за време на првиот танц.

Инстаграм/ Девојката со крилјата

Инстаграм/ Девојката со крилјата

„Око мое златно! Конечно го дочека тој момент да се најде во венчаница! Кога ја погледнав во очите за време на првиот танц, пуштив солза. Солза радосница која за мене значеше 5 најубави години во животот до сега. 5 години доверба, искрен однос, почитување. Договарање, компромис, сложување и несогласување (да, да, го има и тоа). 5 години огромна љубов, напиша младоженецот, па додаде:

Организацијата на целата венчавка и ја препуштив нејзе. Бев многу горд кога сé се заврши. Не знам што да кажам освен дека беше преубаво до сега, но и дека најубавото дури сега не очекува“, заклучи Марко.

Инстаграм/ Девојката со крилјата

Потсетуваме, Дејана иако е родена без раце, таа е светски вицешампион во теквондо, а се занимава и со сликарство.

Инстаграм/ Девојката со крилјата

Таа е една инспиративна млада жена која минатата година во февруари се оствари во улога на мајка кога ја доби ќерката Лара.

Инстаграм/ Девојката со крилјата

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button