Девици, среќа и голем потенцијал за успех ви претстои месецов.
Август ќе ви овозможи да ги подобрите односите со соработниците што во претходниот период беа во застој. Ќе ги разрешите несогласувањата што сте ги имале на тоа поле. Ве очекува остварување на поголеми планови, склучување на нови договори, соработки и покажување на таленти.
Месецов ќе биде погоден за поголема заработка. Ќе реализирате напредок во преговорите зад затворени врати каде ќе склопите договори. И во љубовта ќе ве очекуваат нови настани Во договор со партнерот ќе го разубавите заедничкиот дом со купување нешто ново.
Ако сте слободни, личноста со која привремено се гледате ќе ви признае дека е заљубена во вас, но проблемот е тоа што оваа личност не е слободна, односно е во врска или брак. Некои од вас ќе бидат оптоварени и преокупирани со минатото и постои голема шанса да обновите комуникација, а можеби и емотивна приказна со бившиот партнер.