Реклама
Вирално

Деветгодишно дете заразено од коронавирус, било во контакт со 172 лица и не ја пренело болеста, како е возможно?

Реклама

Деветгодишно дете кое се заразило од коронавирус не го пренело вирусот на ниту едно лице со кое било во контакт, а билo во контакт дури со 170 лица, покажува истражувањето кое проучуваше дали децата можат да го шират вирусот.

Детето било меѓу луѓе кои се заразени во кругот на претприемачот Стив Волш, кој пак се заразил во текот на состанок во Сингапур. После тоа уште десетина Британци кои биле на скијање во францускиот ресорт Контамине-Мотнжое се заразиле, по што одлетале за Лондон.

Повеќето гости во францускиот ски центар се заразени, но истрагата на француските здравствени власти покажа дека деветгодишното дете кое добило вирус никому не му ја пренело заразата, иако бил во контакт со најмалку 172 лица.

Маркетинг

Детето покажувало респираторни симптоми, како и неговите родители, но кај нив не е потврдена заразата.

Пренел настинка и грип, но не и корона

Маркетинг

Истражувањето открило дека детето било позитивно на коронавирус, но и грип и настнка. Своите браќа ги заразил со груп, но не и со коронавирус, пишува Гардијан.

„Детето, кое имало и симптоми на други респираторни болести, одел на три школи за скијање, но не учествувал во трансмисијата на вирусот. Се чини дека тоа сведочи за потенцијалната динамика на ширење меѓу децата“, рече францускиот епидемиолог Костас Данис.

Детето имало само благи симптоми и кога е тестирано, откриени му се само траги од вирусот, за што научниците сметаат дека тоа е одговор на прашањето зошто не го пренесувал вирусот на сите свои контакти, или барем на неколку од нив. Се верува дека имунолошкиот систем кај децата е посилен отколку кај возрасните па можат полесно да се ослободат од вирусот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button