Реклама
Наши ѕвезди

Дебарлиева е нашата НАЈУБАВА ТВ презентерка – кога ќе ја видите нејзината ЌЕРКА ќе се воодушевите

Реклама

Македонската ТВ презентерка, жената која долги години ја гледаме на малите екрани, Билјана Дебарлиева, е една од нашите најубави водителки. Таа е една од ретките која е обидува да го негува македонскиот литературен јазик и има совршена дикција додека ги води вестите.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Иако е во петтата деценија од својот живот, од нејзиниот изглед никој не би го потврдил тоа. Плени со својата убавина, нежност и неверојатна харизма.

Таа е повеќе од 25 години во брак со Јован Дебарлиев. Се запознале во Охрид, родниот крај на Билјана, за време на летен одмор. Двајцата не се многу активни на социјалните мрежи, но знаат понекогаш да споделат по некоја заедничка фотографија.

Маркетинг
ФОТО: Јован Дебарлиев/ Фејсбук

За почетоците на нивната љубов, Билјана кажа: „Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам дечко“.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Јован Дебарлиев/ Фејсбук

Билјана и Јован се горди родители на два прекрасни деца, Мики и Ана. Ана е економист, а Мики е 16-годишен средношколец.

Маркетинг

– Тие се во возраст кога веќе не сум во ситуација да им дозволам или да им забранам нешто, едноставно сами го прават својот избор; но со претходна добра основа што сме им ја дале и јас и мојот сопруг. Телефонот и компјутерот се за забава, но и за извршување училишни работи и други обврски. Без нив не се може во денешно време – вели Дебарлиева во интервју за Деца.мк

ФОТО: Ана Дебарлиева/ Фејсбук
ФОТО: Ана Дебарлиева/ Фејсбук

Како родители, водителката вели, таа и сопругот се трудат да ги научат децата што е добро, а што не, но им укажуваат и на опасноста на социјалните мрежи.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ Дебарлиева си ја отвори душата и откри дека децата им се веќе возрасни и дека тргнале по својот пат.

– Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор, кажа Билјана.

ФОТО: Ана Дебарлиева/ Фејсбук

Таа и нејзиниот сопруг се трудат секој момент да го поминат заедно. Важните датуми и моменти и понатаму ги одбележуваат прославувајќи на нивни начин.

Нејзиниот сопруг на својот Фејсбук профил сподели и нивна заедничка фотографија од пролавата на годишнината од брак.

ФОТО: Јован Дебарлиев/ Фејсбук
ФОТО: Јован Дебарлиев/ Фејсбук
ФОТО: Јован Дебарлиев/ Фејсбук

Дебарлеива својата кариера ја започна многу млада на Македонската телевизија, а оттогаш во нејзината кариера продолжи да работи на различни проекти.

Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од тн „ВРЕМЕПЛОВ“ под која стои описот:

„Владо Јаневски на календар за „Теа Модерна” од 2003/4 во стилот на Џемс Бонд и еднакво перфектно стилизираната водителка Билјана Дебарлиева. Покрај календарите и Лотарија на Македонија тогаш го ангажираше во иста улога за реклама на еден ТВ квиз. Лесно му е на Владо со вакви фанови кои експресно одговорија на нашето барање и во своите архиви ја лоцираа оваа ретка фотографија.

ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Јован Дебарлиев/ Фејсбук
ФОТО: Јован Дебарлиев/ Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук
ФОТО: Билјана Дебарлиева / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button