Две пријателки желни по МекДоналдс сендвичи тргнаа на епско патување долго 402 километри
Две Британки кои многу сакале повторно да ја пробаат храната од МекДоналдс после 8 недели затворени во карантин тргнаа на повратно патување од 402 километри до најблискиот драјв – тру ресторан на МекДоналдс.
Љубителките на брза храна Рајан Хол и Пејсли Хамилтон, двете врснички на 23-годишна возраст за гориво потрошија 27 фунти на нивното епско патување со автомобил и кога пристигнаа пред ресторанот се соочија со редица од 30 автомобили пред нив.
Тие потоа потрошија 20 фунти за голем Чикен Нагетс оброк, голем Биг Мек оброк, две коли, дупли чизбургери, сендвич, чизбургер и рибји филети.
Потоа сето тоа го изеле на паркинг и велат дека воопшто не жалат што потрошиле 47 финти за еден оброк кој го „смачкале“ за 15 минути, а им требале 7 часа возење.
Рајан која го возеше Фиат 500 од Хул до Питерборо, изјави дека тоа бил оној момент за кој вреди да се потрошат толку пари.
„Дефинитивно би го направила тоа пак“, вели Рајан.
Другарките биле возбудени кога МекДоналдс објавил дека повторно ќе отвори некои ресторани во Британија после повеќенеделниот карантин.
Но Рајан, која е вработена во телефонска компанија и нејзината пријателка Пејсли која е негователка велат дека се разочарани што популарниот ланец не го отворил ресторанот во нивниот роден град.
„Ние сфативме тогаш дека најблизок ни е оној во Питерборо. А ние сме две големи обожавателки. Поминаа 8 недели откако ние последен пат имавме МекНагетс и си рековме зошто не?, вели Рајан.
„Карантинот беше многу досаден и ние си рековме да направиме нешто спонтано. Не послужи доброто време по патот и бевме многу возбудени. Се возевме со отворен сончев покрив на фиатот и слушавме добра музика, се радував што ќе одам на гозба“, вели Рајан.
„Мирисот беше неверојатен. Невозможно беше да чекаме до дома за да ги јадеме. Толку бевме опиени од храната што веднаш почнавме да јадеме, дури не ни текна да направиме селфи со неа“.
Минатата недела МекДоналдс отвори 39 драјв-тру ресторани, од кои шест се во Питерборо. Некои од нив се за достава, други за собирање или и такви и такви.
Ланецот има намера да ги отвори сите драјв – тру ресторани до следниот месец, како што ќе се попуштаат досегашните рестриктивни мерки.
Рајан и Пејсли се надеваат дека во нема да мораат повторно да возат толку долго и далеку до својот Мек.