Две девојки со Даунов синдром изгледаат како вистински принцези во своите матурски фустани – го воодушевија цел Балкан со своите насмевки!
Две девојки со Даунов синдром и уште четири други матурантки од Хрватска освоија преубави матурски фустани од тамошните дизајнери.
„Се чувствувам како принцеза од бајките. Постојано ми ѕвони телефонот и сите ми честитаат и ми кажуваат дека сум убава. И јас се чувствувам навистина убаво, а морам од некаде да купам и вистинска тијара и тогаш ќе бидат како вистинска принцеза“, вели на кратко за 24 сата.хр пресреќната деветнаесетгодишната Тереза Божац, девојката со Даунов синдром од Пула што ги освои сите со својата прекрасна насмевка додека позираше во преубавиот матурски фустан.
Покрај Тереза уште шест други девојки освоија матурски фустани што им ги доделија хрватските дизајнери на натпревар што го организираше порталот 24сата.хр. Покрај Тереза која е од Пула и Тониа Кларин (18) од Загреб која исто така има Даунов синдром доби матурски фустан.