Реклама
Вирално

Две бебиња пронајдени во исти торби во период од 6 години: Исплива со децении добро чувана семејна тајна (ВИДЕО)

Реклама

Неверојатна животна приказна на две лица со кои судбината си поиграла веднаш по нивното раѓање.

Моментот кога брат и сестра, двајцата пронајдени напуштени и во идентични торби со карирана црвена шара, се сретнаа по 50 години, ги расплака сите и откри мраќна тајна која нивните родители со децении ја криеле.

Маркетинг

Дејвид Мекбрајд (58) е пронајден во торба во 1962 година, додека неговата сестра Хелен Вард (52) ја пронајде возач на камион во телефонска говорница шест години подоцна. Нивната потрага по корените откри љубовна афера која траела 40 години меѓу нивниот татко протестант, и мајка католик од времето на крвавите судири во Северна Ирска во 60-тите години од минатиот век.

Двајцата учествувале во емисијата на британскиот канал ИТВ „Одамна изгубено семејство, родени без трага“, откако благодарение на ДНК тест откриле дека другиот постои. Во текот на потрагата за подалечни членови на семејството дознале дека имаат 14 полубраќа од таткова страна.

Маркетинг

Открија дека и нивните родители биле во тајна љубовна врска дури 40 години, а дека ги раздвојувала религијата. Имено, нивниот татко бил оженет протестант кој бил во брак со друга жена и имал 14 деца и живеел во Даблин, додека нивната мајка, која била 17 години помлада од нивниот татко, била католик која во тоа време живеела на подрачјето на Северна Ирска. Братот и сестрата се сретнале во Даблин, што било проследено и од телевизиските камери.

https://www.youtube.com/watch?v=Gh8x6ZGW0Xk&feature=emb_title

– Не можам да верувам дека дојде и тој ден. Поминуваш цел живот надевајќи се, а сега конечно се случува. Не можам да верувам – изјави Хелен, додека нејзиниот брат Дејвид истакна дека е тажно што полицијата не поврзала два и два зошто тогаш барем ќе можевме заедно да растеме. Двајцата останавме зачудени кога се откри дека сме биле напуштени на ист начин, посвоени во добри семејства, а имавме и среќно детство и живот.

– Ова е чудно. Чудно е чувството да седите спроти некој од своето вистинско семејство. Чудно е и возбудливо да го запознаете вистинскиот брат по 51 година – наведе Хелен, пренесува Дејли Мејл.

За жал, никогаш нема да имаат можност да ги запознаат своите биолошки родители. Имено таткото почиnал во 1993 година, додека мајката во 2017 година.

Поврзано

Back to top button