Двете жареа и палеа на македонската сцена, па се преселија во Америка – погледнете како изгледаат денес пејачките
Едни од најубавите и најзгодни пејачки на македонската фолк-сцена повторно се обединија.
Која од која поубава, русокоса и црнка, човек не знае во која попрво да гледа.
Анета Наковска и Јасмина Мукаетова уште од многу млади ја започнаа својата музичка кариера.
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
Една од Скопје, а другата од Кавадарци, станаа најдобри пријателки.
И покрај тоа што и двете беа едни од најпопуларните и најуспешни пејачки кај нас, одлучија да напуштат сѐ и да си заминат од оваа држава.
Причината за тоа се разбира беше љубовта.
И двете се омажија во Америка, за Македонци кои живеат таму.
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
Јасмина се омажи со Трајче Ристески, со кој се запознале за време на нејзиниот настап во Њу Џерси.
Токму кога сите мислеа дека Јасмина ќе започне со балканската кариера, таа одлучи да се повлече и максимално да се посвети на семејството.
Има две дипломи, а води и семеен бизнис.
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Мукаетова
Таа е дипломиран педагог на Филозофскиот Факултет при Универзитет СВ. Кирил и Методиј –Скопје.
Неодамна ја комплетира едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University.
Плод на љубовта меѓу Јасмина и Трајче се нивните два сина, Диме и Зуко.
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Мукаетова
Анета пак, се омажи за својот Спиро и судејќи според фотографиите на нејзините социјални мрежи, таа е посреќна од било кога.
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
Јасмина и Анета се многу добри другарки и често се гледаат, а една од тие средби сега овековечија со фотографии.
„Мачката моја, единствена, најсакана колешка, искрено пријателство кое трае скоро 25 години“, стои во опис на фотографиите:
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Мукаетова
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Мукаетова