Двегодишно дете замина кај ангелите заради зрно грашок – јадеше и одеднаш почна да се гуши. НИ докторите не можеа да му помогнат
Момчето Остин Хардман (2) грицкаше грашок кога одеднаш почна да кашла и да се гуши.
Неговите родители Данијел (24) и мама Ема Нелсон (33) во паника се обидоа да му помогнат, но не знаеја како. Грашокот застана на толку незгодно место што ни докторите во болницата не можеа да му помогнат.
Таткото најпрво помогнал со удирање на малиот по грбот да го исфрлат зрното, но кај детето немаше никаква промена. Малиот постојано кашлаше и се гушење. Нивниот комшија кој дојде да им помогне се обиде да му направи ЦПР на детето (постапка на реанимација), но ни тоа не помогна. Брзата помош веќе беше на пат, но додека да дојде, Остин веќе беше помодрен.
Докторите од брзата помош најпрво се обиделе да му дадат кислород преку маска, но ни тоа не помогна.
Момчето беше префрлено во болница, со привремен застој на срцето, а докторите не можеа да го извлечат зрното. Патологот Сринивас Анаварапу, кој се занимава исклучиво со детски случаи, изјави дека грашокот се заглавил кај гласните жици и ги блокирал дишните патишта.
Тој додаде дека не е можно да се отстрани храната со прсти од овој дел на телото, но ни да се спроведе постапка за отстранување на храната каква инаку се практикува во болниците во такви случаи.
„Нашиот Остин беше убаво момче. Имаше огромно срце и најголемата насмевка која некогаш сум ја виел. И сега кога го гледам видеото со него секогаш ќе ме насмее. Многу ми недостига, Ема и јас сме вистински среќници што имавме таков прекрасен син“, изјави скршен од болка таткото на малиот Остин кој предвремено замина кај ангелите.
Надлежните прогласија дека е во прашање несреќен случај.