Реклама
Вирално

Двајца починати, вкупно 329 лица позитивни на Ковид 19 во земјава

Реклама

На Инфективната клиника од ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар, а во изминатите 24 часа се потврдени 44 нови случаи на коронавирус од 392 тестирања.

 

Маркетинг

Според информациите од Министерството за здравство, починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Инаку, по градови новозаболените се од Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.

Маркетинг

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје- 17, Дебар – 47, Куманово – 47, Штип- 14, Тетово – 10, Прилеп – 10, Струга – 7, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Крива Паланка – 1, Струмица – 1 и Гевгелија – 1.

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.

Официјални лица на Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот соопштија дека сепак препорачуваат луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заразени со корона вирус или не се грижат за некој што веќе е болен од оваа болест, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Директорот на СЗО за управување со вонредни состојби Мајкл Рајан изјави дека носењето маски за лице, доколку се користи неправилно, може да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на новиот корона вирус. Рајан повтори дека СЗО верува дека тие треба да ги носат само оние кои се болни за да не го шират вирусот и здравствени работници на кои им требаат најмногу.

„Нема конкретни докази кои сугерираат дека носењето маски на кој било начин е од каква било корист, всушност, има спротивни докази за тоа“, рече Рајан.

„Исто така, има глобален проблем со недостаток на маски и други медицински материјали. Луѓето со најголем ризик се здравствените работници кои се изложени на вирусот секоја секунда и секој ден. Мислата дека нема доволно маски за нив е ужасна“, изјави тој.

Епидемиологот Марија Ван Керхове исто така изјави дека е важно „да се даде предност на употреба на маски од страна на оние на кои им е најпотребно“, што на прво место би биле здравствените работници.

„Ние не препорачуваме да носите маски во заедницата, освен ако не сте болни и тоа е како мерка за спречување на ширење на вирусот“, рече таа, додавајќи:

„Препорачуваме да носат маски за лице на луѓе кои се болни, како и на оние кои се грижат за болните дома“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button