Реклама
ИнтервјуНега и здравје

„Да работиме на зголемување на имунитетот кој ќе не чува од било каква вироза, бактерии па и од корона вирусот“

Реклама

Гламур интервју со нутриционист Цвета Динева

Ова е период кога владеат вируси и настинки, Светот се соочува со Корона вирусот, како на природен начин да се заштитиме?

Да, ова е период на пандемија од корона вирусот, но факт е дека највеќе страдаат луѓето од постарата генерација кои веќе страдаат од повеќе хронични заболувања како дијабет,гастрит, бубрежни заболувања, хоб, и редица други хронични и автоимуни заболувања. Најсилна мерка и кај овие луќе и кај секој од нас е да ги почитуваме препораките на СЗО и нашето министерство за здраство. Но, како нутриционист мора да нагласам дека мора да се работи на зголемување на имунитетот кој ќе не чува од било каква вироза, бактерии па и од корона вирусот. А, имунитетот се зголемува со видот на исхрана во кој доминира свежата храна како овошје и зеленчук и што повеќе хидрирање на телото.

Што треба да се конзумира во овој период од годината?

Како што кажав треба секој ден да се пие најмалку 2 литри вода, топли чаеви и секако цедени овошни и зеленчукови сокови кои се полни со антиоксиданти кои се борци против вирусите и бактериите. Да се конзумира многу свежо овошје (користете и замрзнати вишни, боровинки, капини, аронија и слично-кои се полни со силни антиоксиданти). Одбегнете храна од животинско потекло, готвени посни манџи се вистинската храна за овој период, и секако многу свежа салата-рендано цвекло, морков, трупки. Одбегнете го лиснатиот зеленчук. Користете ѓумбир, куркума, бибер, лук,праз, кромид во секојдневието.

Маркетинг

Луѓето апсурдно веруваат на маркетиншки трикови за тоа што е здраво, која е најголемата заблуда што ја имате забележано кај луѓето?

И јас приметувам дека веднаш им се препорачуваат на луѓето преку медиумите секакви препарати за зголемување на имунитетот кои и не се многу со пристапни цени, но и не се за секого препорачливи. Јас како суплементи би препорачала да се користат микроалги како спирулина(не кај оние кои користат еутирокс), хлорела, млада пченична трева, јачменова трева, алое вера, апи терапија -препарати на база на пчелни производи, и слично.

Живееме во едно брзо време, каде често луѓето од недостиг на време посегнуваат по брза храна, како да направиме навика храно да се здравиме?

Оваа проблематика треба да се решава и на ниво на држава, да се воведе предмет за хигиена на исхрана, да се образуваат децата за најважната тема во животот -како да го одржуваме сопственото здравје, а здравјето низ уста доаѓа. Брзата храна продуцира деца, но и возрасни со страшно зголемување на телесната тежина, со многу болести како автоимуни, така и туморски и дегенеративни-страшно, а толку е едноставно да бидеме здрави. Треба конечно, да се изгради нов Life Style, животен стил кој ќе ни го врати здравјето.

Маркетинг

Колку вода треба да пиеме во текот на денот и како треба да биде распоредена?

Треба да се пие квалитетна вода,многу често алкална вода со ПХ над 7,5-која ја има во продажба по маркетите, но постојат и апарати кои се вградуваат на чешмите (ова треба да го прави градежната оператива-како што вградува бојлери, така да се вградуваат апарати за прочистување и алкализација на водата). Треба да се пие вода оптимално по 250мл на 10кг телесна тежина. Водата се пие на собна температура или млака, на гладно и заедно со овошјето. Да не се пие за време на ручек и два часа потоа.

Каква треба да биде исхраната на децата?

Исхрана кај децата треба да изобилува со природна храна, а тоа подразбира доволно свежа храна, вода, цедени сокови, смути. Да се јаде зготвена храна како манџички, нека има и месо но никако секој ден, јајца неколку пати во неделата, од млечни производи кисело млеко, а други млечни контролирано. Слатките за децата е добро да бидат сведени на минимум, подобро е да бидат домашно направени без шеќер, без млеко и бели брашна. Има многу варијанти на слатки направени на база на суво овошје и јатки,мед,..итн.-се во интерес на здравје на децата.

Потребно ли е децата секој ден да јадат месо?

Не, не смее да се дава месо во секојдневната исхрана кај децата, а посебно никако сувомеснати, виршли, паштети. Нека има риба во исхраната,јајцата, нека се внесат мешунките-како грав, леќа, наут, грашак, боранија, печурките, и да се додава во варивата по некоја лажица хељда, просо-и се добиваат доволно протеини во исхрана на децата.

Каква е вашата исхрана? Што сочинува?

Сите совети кои ги споделувам на моите членови во ЦД диет клубот и советите на социјалните мрежи и медиумите, сето тоа е дел од моето секојдневие. Јас не сум само теоретичар туку и практичар. Значи во моето секојдневие водата ми е присутна најмалку 2,5л, најмалку неколку овошки, без салата не седнувам на софра. Јас сум секој ден во мојот ВОЗ (вода, овошје, зеленчук), и тоа е она што ме држи во одлична психофизичка состојба.

Колку често си дозволувате да јадете некоја намирница која важи за храна која и не е толку здрава?

Да бидам искрена тоа е реткост -па дури и не ми текнува во моментов. Да, може некоја шампита после пости, да претерам понекогаш со сиренце или кашкавалче,но сепак мојот инстинкт за природната храна ми е апсолутно доминантен па јас уживам во добрата и вкусна здрава храна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button