Вирално

Да нè ве чуди, ама клучот за короната изгледа е во нашиот нос: Ова откритие на научниците може да ја реши пандемијата

Advertisement

Најчестите симптоми на коронавирусот се температура, болки во грло, кашлање, болки во градите, слабост кои со денови ги мачат заболените. Многу заразени исто така, на некое време ги губат сетилата за мирис и вкус.

Advertisement

За тоа може да биде одговорен еден ензим: на научниците од Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор им успеа со експерименти со екстремно високи дози од ензимот АЦЕ-2 (Agniotensin Converting Enzyme II) да докажат и тоа точно во пределот на носот, дека овој ензим е одговорен за губењето на сетилото за мирис, јавува Дојче Веле.

Овој ензим наводно би требало да има улога на влез низ кој коронавирусот влегува во клетките од организмот. На тоа упатуваат овие студии. Научниците за својата студија ги испитуваа ткивата на 23 пациенти, на кои истите им се отстранети во текот на операција. Пациентите кои не биле заразени од коронавирус биле оперирани поради тумори или воспаление на синуси.

Advertisement

Резултатите од нивното истражување би можеле да послужат за нов пристап при лекувањето на заразените, напишаа експертите во научното списание “European Respiratory Journal”.

Резултатите, исто така би морале да бидат потврдени со дополнителни истражувања, рече Ендрју Лејн од Универзитетот Џонс Хопкинс: „Ако тоа се покаже како точно, тогаш би можеле да ја победиме заразата со антивирусни терапии, кои би се давале директно во нос“.

Тобиас Велте, од клиниката за белодробни болести, Вишата медицинска скола во Хановер, не бил вклучен во истражувањето, но вели дека се работи за „паметна студија“ која не само што го објаснува губењето на сетилото за мирус кај многуте пациенти туку и овозможува и нови терапии. Но и тој смета дека се нужни натамошни истражувања.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button